Груевски: Бесплатен автобуски превоз користат околу 16.000 студенти

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевскиоцени дека со мерките за бесплатен автобуски превоз за студентите тие досега заштедиле околу 250.000 евра или околу 16.300.000 денари месечно.

Тој информира дека мерката ја користат околу 16.000 студенти кои за тоа извадиле соодветна документација.

– Доколку ги користат 10 месеци годишно, имајќи предвид дека дел од студентите еден период поминуваат во својот град, а не во Скопје, заштедата би изнесувала 2,5 милиони евра на годишно ниво. Тоа е одлична мерка која многу се користи и е очигледно дека им недостасуваше на студентите зошто со задоволство ја искористуваат и на тој начин заштедуваат пари, изјави Груевски одговарајќи на прашање по промоцијата на нови 15 дела од проектот Врвови во светската историја, филозофија, психологија со психоанализа во Археолошкиот музеј во Скопје.