Груевски: Бесплатна ласерска корекција на диоптрија за студентите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес промовираше 6 нови мерки наменети за младите.

Тој потенцира дека младите се сила на општеството, но и огледало за тоа колку и како една држава сака да се развива. Досега беа промовирани 34 нови проекти, а дел од нив веќе и се реализираат. Со најавените денес вкупно се 40 ниви проекти за младите.

Првата мерка која Груевски ја најави денес е овозможување на бесплатна ласерска корекција на диоптрија за студентите кои имаат проблем со видот.

-Ласерската корекција комплетно ја елиминира потребата од носење очила и леки, трошоците за купување рамки, очила. Тоа е трајно решение за луѓето кои имаат ваков проблем. Затоа одлучивме да биде целосно бесплатно за студенти од 18-26 години. Со овој проект предвидуваме да се овозможи корекција на диоптријата за сите студенти на оваа возраст кои се од семејства со остварен нето приход до 115.080 денари на годишно ниво за над +/-2 диоптер, рече Груевски.

Овој зафат од сега за оваа категорија ќе биде целосно на товар на ФЗОМ.

-Ласерската корекција на диоптријата е безбедна успешна метода со која се добива јасен и прецизен вид. Оваа гранка на офталмологијата вклучува неколку процедури кои ја подобруваат способноста на окото и ја елиминира потребата од носење леки. Условите се лицето да има над 18 години, окото да биде здраво, да нема други заболувања и лицето да има стабилна диоптрија 12 месеци. Просечната сума која сега е потребна се движи околу 1200 евра. Со овој проекти, интервенцијата за оваа категорија на млади ќе биде покриена од државата, истакна Груевски.

Оваа корекција многу млади лица досега не можеа да си ја дозволат. Проектот кој денес го најави Груевски ќе започне од 2017-та година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.