Груевски: Бесплатни леќи за средношколци и студенти

Вториот проект за денес е обезбедување бесплатни леќи, очни помагала за студенти и средношколци.

Оваа мерка денеска ја најави Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Покрај можност за ласерска корекција ќе овозможиме субвенционирање на ортопедски очни помагала на студенти и средношколци на возраст од 14 до 26 години од семејства во кои вкупните месечни приходи не го надминуваат просечното примање од 32.173 денари до завршување на циклус на учење и студирање. Наместо да користат очила ќе може на товар на фондот да користат леќи за плус и минус 2 диоптер. Од оваа мерка се намалува психолошки притисок на учениците и студентите и се намалува прогресијата на кратковидост или далекувидост во периодот кога видот најмногу им е потребен.

Ова претставува значителна финансиска поддршка за младите, а ќе продолжи да се реализира од 2017 година, по обемни подготовки за реализација, чии основи веќе се договорени преку Министерството за здравство, Министерството за финансии и ФЗОМ.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.