Груевски: Бесплатно ин витро и за второ дете

Покрај најавата за зголемување на платите и пензиите, премиерот Никола Груевски истакна дека од овој месец стапува во сила бесплатно ин витро за второ дете, кое финански ќе го покрива државата

„Ин витро за второ дете е проект кој го највивме минатата година, којшто многу долго го подготвуваме. До минатата година се одвојуваа 60 милиони денари, а веќе оваа година се предвидени 150 милиони денари затоа што се планира дека во првата година ќе има и малку поголем наплив за бесплатно ин витро за второ дете“, рече премиерот Груевски  по промоцијата на нови книги од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност”.

Премиерот нагласи дека оваа одлука е од големо значење бидејќи, има граѓани кои сакаат деца, но немаат доволно финансии за процесот.

Груевски посочи дека со оваа одлука им се излегува  во пресрет на голем број граѓани, како што им се помиогна со бесплатно ин витро за прво дете, така сега за бесплатно ин витро за второ дете.

„Минатите години се правеа по 800 ин витра годишно, во првите години по 1.500 ин витра за прво дете. Сега веќе за второ дете бројката ќе биде значително поголема, што значи дека ветеното практично веќе е во сила и средствата во буџетот се испланирани“, додаде премиерот Никола Греувски.