ТОП,Македонија

Груевски: Ова е битка за Македонија и ќе се реши на изборите на 24-ти април

Груевски: Ова е битка за Македонија и ќе се реши на изборите на 24-ти април

Ова во Македонија е поголема битка од она што изгледа. Ова во Македонија е битка за Македонија. Битка многу поголема од дневните авантури на опозицијата, која свесно се става во улога на алатка. Оваа битка ќе се реши на изборите на 24-ти април!

Оваа порака ја упати во својот говор премирот Никола Груевски за време на своето обраќање по повод 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Премирот Груевски во говорот потсети дека Македонија годинава се соочуваше со сериозна политичка криза, која што се закануваше да ги закочи сите економски и евроталантски текови. Многу работи беа кажани, многу емоции истурени јавноста имаше можност да види се, да слуша аргументи, но и да биде изложена на многу шпекулации, дезинформации, полувистини.

И  покрај обидите за сервирање на спротивната теза токму преку оваа криза на конкретни примери, факти и аргументи, на конкретни феномени се покажа дека во Република Македонија секој може да каже се, да се собира, да ги истакнува своите ставови, да критикува независно што многу повеќе таа критика е на маректингшки основи и само заради критика а многу помалку на реални аргументи и со цел да подобри и унапреди нешто. И додека не критикуваа дека нема слобода, тие самите докажаа дека има слобода, и тоа дека има бааги слобода, рече Груевски.

Многумина знаат, продолжи Груевски, да кажат, сме им дозволиле да ни се качат на глава, некои тоа го толкуваат како слабост, но да било тоа така ова одамна ќе беше завршено.

Ова во Македонија е поголема битка од она што изгледа. Ова во Македонија е битка за Македонија! На кого тоа не му е јасно досега ова е добар ден да го нагласиме тоа. Битка многу поголема од дневните авантури на опозицијата, која свесно се става во улога на алатка. Оваа битка ќе се реши на изборите на 24ти април. На тие избори народот ќе каже кого поддржува и во кого има доверба. Нема да каже ниту некој странец, ниту некој со волшебен стап ќе ги реши нашите проблеми. Ние. Ние заедно со народот. Ова е наша земја. Ова е наша земјa!! Ова е наша татковина! Ова е Република Македонија и ние мора да истраеме и да одговориме жестоко на сите предизвици со кои се соочуваме, порача премиерот Груевски.