Груевски: Босна може да смета на поддршката од Македонија

Премиерот Никола Груевски остварил телефонси разговор со претседавачот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, во врска со катастрофалните поплави во Босна. Притоа Груевки изразил сочувство за жртвите од поплавите и ја истакнал подготвеноста Македонија да продолжи со помошта.

– БиХ може да смета на Македонија во рамките на нашите можности, истакнал Груевски, информираат од владината прес служба.

Покрај стокова поддршка како вода, храна, лекови и облека, тој истакнал дека Република Македонија ќе даде и финансиска поддршка за помош на настраданите.

Бакир Изетбеговиќ, од своја страна изразил благодарност за помошта која Република Македонија ја дава.

Премиерот Груевски телефонски разговарал и со Небојша Радмановиќ, српскиот член на Претседателството на БиХ.