сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

ФОТО: Груевски на божиќна миса во Католичка црква

gruevski-katolicki-1

Поврзани вести

Католичките верници синоќа го славеа Бадник, а денес Божиќ.

По повод големиот христијански празник – Божиќ, премиерот Никола Груевски вечерва присуствуваше на божиќна миса во католичката црква „Пресветово Срце Исусово“ во Скопје. На мисата присуствуваше и претседателот Ѓорѓе Иванов.

gruevski-katolicki-2

Груевски и Иванов денеска испратија и честитки до Киро Стојанов Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Република Македонија и сите верници од католичка вероисповед.

gruevski-katolicki-3

-Божиќ е празник на љубовта и радоста, празник на спокојот и милосрдието, празник кој нè потсетува на вистинските божји патишта и нè учи да ги почитуваме високите морални вредности. Божиќ е денот на радоста во душата на секој верник. Во мир и спокој да ја примиме веста која столетија наназад го осветлува планот Божји и неговата промисла да ни ги отвори патиштата по кои треба да чекориме. Бог е со нас, а симбол на таквиот дар е Христовото раѓање. Нека е за многу години денот! Да се радуваме и да ја споделиме љубовта Божја, да постанеме и ние синови Божји. Како што нè учи овој голем празник, да се свртиме кон ближните, кон пријателите, кон нашите соседи, кон нашите сограѓани, кон нашата држава. Да ги обогатиме со својата љубов и добрина, да даруваме чисто, безусловно и со целото свое срце, се вели во честитката од премиерот.

gruevski-katolicki-4

Божиќ, како што посочи македонскиот претседател во честитката, е празник на семејството, ден кога се молиме за добро здравје, среќа и радост.  – Нека Бадниковата вечер и Божик внесат топлина во домот, а семејството и ближните нека ги исполнат со добра мисла, добрина и благослов. Овој голем христијански празник нè учи да бидеме солидарни, затоа да споделуваме со оние кои имаат помалку, да им помогнеме на  немоќните и на обесхрабрените, посочува Иванов.

Најчитани вести