Груевски: Бранко ни го нудеше Пендаровски за амбасадор бидејќи лично го заложил

Бранко Црвенковски го понудил Стево Пендаровски за амбасадор на земјава бидејќи тој лично го заложил поради фалсификатот на референдумот од 2004-та година, рече попладнево лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во своето обраќање на митингот во Струга.

„Го предложи Стево во 2004-та година кога беше референдумот, кога имаше полнење на кутии и потоа легализацијата на тие кутии од страна на тогашниот претседател на ДИК, Стево Пендаровски и ние му велиме ние не се согласуваме овие двајца да бидат амбасадори на Македонија бидејќи тие луѓе не покажаа доблест, интегритет, професионалност и чесност кога беа на функција и ние одбиваме да го поддржиме тоа. Ние одбивме да поддржиме Стево Пендаровски, кој беше легализатор на фалсификатот во 2004-тата година да стане амбасадор на Македонија, а камоли да го поддржиме денеска да стане претседател на Македонија“, рече Груевски.

Тој заедно со тогашниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, на Бранко Црвенковски, му го предложиле Ѓорѓе Иванов за амбасадорското место во Атина.

„Ние велиме имаме еден предлог за амбасадор во Атина да биде Ѓорге Иванов, вели тој е професорот по политички науки, да велиме тој е тој, а тогаш Бранко рече : да го поздравите од мене и да му кажете додека јас сум на оваа функција тој нема да стане никогаш амбасадор на Македонија. После тоа дојде до криза меѓу човекот кој што ја имаше узурпирано фунцкијата претседател и владата и долго време не можевме да испратиме амбасадори и се испразнија многу места и неможевме да се договориме заради Стево Пендаровски и заради тоа што тој категорично не сакаше да слушне за Ѓорге Иванов. Потоа по неколку месеци спорот се реши со професионално вработени во МНР, во тоа време веќе се гледаше дека Бранко имаше личен долг кон Стево Пендаровски. Тој  го задолжи со легализација на еден сериозен фалсификат на претседателските избвори во 2004-та година“, рече Груевски.

Тој тогаш, како што нагласи тој, покажа дека нема интегритет, дека е спремен се’ да направи за да оствари некоја лична корист.