Груевски: Бројот на повредени покажува кој кого тепал на протестите

На конференцијата на Зоран Заев колку и да имашпе лепени, сечени и креирани материјали, тој не успеа да го постигне тоа што го сакаше, како и медиумите под контрола на СДСМ што не успеаја да покажат тоа што сакаа – дека МВР сакало да го прикрие увиството на Мартин Нешкоски.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски во дневникот на Сител телевизија.

-Од разговорите се гледа дека во првиот момент МВР не било информирано за убиството, бидејќи никој ништо не пријавил. Се гледа дека прите часови мислеле дека се работи за шпекулација. Второ, јасно се гледа дека оној момент кога добиваат информација дека има убиство прават напори што е можно побрзо да го најдат сторителот. Подоцна истиот е најден, приведен и изнесен на Суд. Сторителот е осуден на 14 години затвор. Никаде не се гледа дека МВР сака да го прикрие убиството, туку напротив сака што побрзо да се расветли случајот. Трето се гледа дека сторителот го признал делото, но подоцна се премислил, што е обратно од тоа што го говори Заев. Напротив се гледа силна намера што побрзо да се открие сторилтелот. Се гледа загриженост, нервоза, зошто и како ова се случило. На ниту едно место нема ситуација каде некој сака нешто да прикрие од луѓето кои се на клучни позиции. Така што мислам дека повторно Заев отиде на онаа варијанта да луѓето ги заведе со својот вовед, кој е застрашувачки и води во друга насока, истакна Груевски.

Премиерот додаде кога станува збор за воведот на Заев се работи за сериозна манипулација на чувствата на граѓаните со цел да се предизвика нервоза.

Потполно е неточно дека сме сакале да прикриеме убиство, додава Груевски.

Исто така премиерот Груевски даде коментар и за вчерашните протести пред Владата, за кои вели дека е очигледно дека се однапред подготвени.

-Вториот моментум се вчерашните протести, кои очигледно е дека се подготвени однапред. Луѓето беа дојдени подготвени. Дојдоа да ја предизвикаат полицијата да има нереди и да претстават дека полицијата го тепа народот. Полицијата дејствуваше крајно професионално. Издржа неколку часа да молчи, а беше тепана. Повредени се 38 полицајци и неколку цивили. Самата бројка кажува кој кого тепал, вели Груевски.

Тој додава дека сосема е јасно оти вчерашниот протест бил организиран од СДСМ неколку дена порано, бидејќи во најголем дел демонстранти биле нивни активисти.

-Очигледна беше намерата на околу стотина насилници, дел од нив добро познати на полицијата, дел од нив членови на некои навивачки групи, собрани од човек задолжен за вакви работи. Тие луѓе се обидоа со насилство да влезат во Владата, сериозно ги нападнаа полицајците, кои имаа крајно сериозен пристап. Не дозволивме да исценираат дека Владата преку полицијата се однесува насилнички кон граѓаните. Тоа беше крајната цел – нестабилност, што не успеа, истакна премиерот Груевски.