Груевски: Бројот на вработени во Кичево е зголемен за над 1600 лица

кичево

Нам за разлика од нашите политички конкуренти, најважна преокупација ни се делата, проектите, градбите, мерките за подобар живот, мерките за зголемување на квалитетот на живот. Така ја разбираме политиката, а не апстрактните поими кои тие ни ги нудат, кои ни тие самите не ги разбираат и секако тука запрашајте се кој навистина има реализирано проекти, кој решава проблеми, кој носи инвестиции, ВМРО или СДСМ!?, рече Груевски на митингот во Кичево.

Груевски кажа дека бројот на вработени во Кичево е зголемен за над 1600 лица и ќе биде уште повеќе, бидејќи цел тим работи максимално вложено.

Во Кичево бројот на вработени е зголемен за над 1600 лица и ќе биде уште повеќе, затоа што нема да застанеме тука, нема да застанеме само на оваа фабрика, прво знаеме дека оваа фабрика закупи уште една локација до неа, да не прејудицираме ништо, но кога една фабрика ќе се изгради и ќе побара уште една локација во комшии, можеме да претпоставиме што намерава. Планираме и други инвестиции, убедуваме, работиме, цел тим е ангажиран да убеди што е можено поголем број на инвеститори да дојдат во Македонија да инвестираат во Скопје и уште повеќе во внатрешноста на земјата. Се трудиме да донесеме нови инвеститори и во другите помали градови, како Штип, Тетово и во Кичево и во Македонски Брод, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.