Груевски: Бројот невработени во Радовиш е намален за 51 процент

На централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Крива Паланка, пред граѓаните се обрати претседателот на партијата, Никола Груевски. Тој кажа дека уште еднаш треба да се потсетиме каде бевме и каде сме сега, за да бидеме сигурни каде одиме.

-Во периодот од 2006 до 2016, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, овде во Радовиш креираше нови над 2.300 работни места за граѓаните во општината. Или поточно кажано со бројки, во 2006 година бројот на вработени лица во Радовиш бил 3.980, еве да ги заокружиме на 4.000, а на крајот на 2016 бројот на вработени е 6285 или еве да речеме 6.300, значи од 4.000 на 6.300 вработени лица во минатата декада во периодот на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е ВМРО-ДПМНЕ, изјави Груевски.

Тој кажа дека бројот на вработени лица во 2006 година бил 5.751, а на крајот на 2016 бил 2.817, спомена дека невработеноста е намалена за 51 процент.

-Изградени и реконструирани се локалните патишта Подареш-Калуѓерица, дел од Подареш-Смиљнци, Коџабаир-Плачковица, патот Јагулица-магистрален пат, патот Покрајчево-магистрален пат, патот Рајчево-Злеово. Инвестирани се околу 120 милиони денари за подобрување на патната инфраструктура во Радовиш, изјави Груевски.

Груевски кажа дека имало инвестиции во атмосферска и фекална канализација, ги напомена проектите во образованието, изградени и реновирани се голем дел на училишта, изградени се и реконструцкија спортски сали во училиштата.

-Направена е реконструкција и на Градскиот фудбалски стадион, а реконструирани се спортските терени на основното училиште Кочо Рацин, Орце Николов во Ињево и во Судурци.

Груевски напомена дека е реконструиран здравствениот дом во Радовиш, донесен ехо систем, што е од голема помош за граѓанител, изјави Груевски.

-Продолжуваме да ја следиме нашата патека, со ваша целосна поддршка, со истата љубов и посветеност како првиот ден. Искрено верувам дека изборите на 15 октомври ќе завршат со најдобрите резултати за нашата Македонија. Нашиот народ ќе дојде до соодветни услуги, услуги какви што заслужува, изјави Груевски.