Груевски: Целта е постигната, датумот на избори е бетониран (ВИДЕО)

Целта е постигната. Датумот на избори е бетониран и ќе се одржат на 24 април. Ова го изјави премиерот Груевски по завршувањето на вчерашната лидерска средба во клубот на пратениците.

Премиерот рече дека СДСМ направиле обиди изборите да бидат одложени но тие останале без успех, со што, пропадна обидот на опозицијата да побегне од соочувањето со граѓаните.

Сакам да кажам дека  вечерва заврши успешно. Состанокот што го имавме меѓу четирите партии заврши успешно, јас сум многу задоволен од она што го договоривмe. Наша стратешка цел како партија беше да се бетонира датумот на избори. СДСМ имаше обиди да го одложи, односно бараше да биде одложен. Ние тоа не го дозволивме. Инсистиравме да остане 24 април и успеавме во тоа, рече Груевски.

На вчерашната лидерска средба било договорено изборите да се одржат на 24-ти април, усогласен е Законот за Влада, изборниот закон, законот за „свиркачите“, закон за заштита на приватноста, а договорени се и новите министри и заменици од редовите на опозицијата.