Груевски: Целта на Тиранската платформа е федерализација како предфинална фаза од растурањето на државата

Доколку не се настапи како што досега беше победник со победник, тогаш овој документ кој е направен во Тирана ќе ни направи проблеми со функционирање на државата, вели во гостувањето во дневникот на Канал 5 претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

„Тој документ води кон федерализација на земјата, таа платформа не е од сега, таа е од многу порано, но сега најдоа човек кој сака да си ги прикрие криминалите и ќе прифати секакви платформи за да дојде на власт. Промена на името и водење кон бинационална држава и федерализација е она што е утврдено во платформата и тоа е она што сака да го направи СДСМ“, вели Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.