Груевски: Целта на ВМРО-ДПМНЕ е општество со еднакви можности за сите

Груевски: Целта на ВМРО-ДПМНЕ е општество со еднакви можности за сите

Претседателот на Владата, Никола Груевски во својот говор по повод 25 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека целта на партијата е еднакви можности за сите.

-Нашата цел е градење на општество со добри меѓуетнички односи, во кое сите граѓани имаат еднакви шанси и можности. Нашата цел е општество базирано на знаење и креативност, на иновативност и силен претприемачки дух, заклучи тој.