понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 30

Груевски со честитка по повод празникот Голема Богородица

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица испрати честитка до поглаварот на МПЦ Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.

gruevski-cestitka

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица испрати честитка до поглаварот на МПЦ Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Славејќи го денешниот голем празник посветен на Божјата Мајка, денес сиот христијански свет се поклонува и помолува на Пресвета Богородица, која со своето Успение го оживотвори светот а со своето посебно место помеѓу Бог и нас, ја зацврсти љубовта на човек кон Бога и љубовта на човек кон човека. Празнувајќи го радосното преселување на Божјата Мајка, денес ја споделуваме радоста христијанска, дека нашата заштитничка Пресвета Богородица, преминувајќи од земното кон небесното царство е вечно со нас, и со Својот мајчински покров на наднебесна љубов не благословува и ни дарува поткрепа и благодет. И затоа денес славејќи го овој празник, го славиме богоугодниот живот, добрината, смирението, скромноста и љубовта кон Бога и блиските, за што не учи делото и примерот на нашата голема мајка – Пресвета Богородица, стои во честитиката.

Груевски наведува дека како народ кој столетија наназад, со големо возљубение и неизмерна почит, го слави овој голем христијански празник, денес истовремено ги славиме и традиционалните вредности на нашето општество и на нашите семејства.

Вредности кои не движеле низ вековите и кои треба да ни бидат пример за потребното човечко функционирање и во иднина, бидејќи  само така ќе се задржиме на вистинскиот пат. Славејќи го денешниот голем празник Ве повикувам заедно да се помолиме за здравје, мир, спокој, меѓусебна љубов, радост, благодети и успеси во секое семејство и во нашата држава, стои во честитката испратена од Груевски.

Најчитани вести