Груевски- Чавушоглу: Односите меѓу Македонија и Турција се карактеризираат со пријателство и взаемно почитување

-На средбата се разговараше за взаемните односи меѓу државите, стратешките интереси на Република Македонија поврзани со евроатланските интеграции и актуелната политичка состојба. Од соговорниците беше истакнато дека постои високо ниво на односи меѓу двете држави кои се карактеризираат со пријателство и взаемно почитување, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски истакнал дека Турција е важен пријател на Република Македонија и поддржувач во аспирациите за членство во НАТО.

-Тој истакна дека стратешки интерес на Република Македонија е зачленување во НАТО, како и членство во Европската Унија, како тоа дека Македонија е предолго надвор од процесите, и дека е потребен чекор кој ќе значи валоризирање и потврдување на се она што до сега е постигнато на тој план. Груевски го повтори ставот дека на Македонија и е потребен брз прием во НАТО, и доколку за тоа има чисто и недвосмислено прашање, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи и реформите за ЕУ кои се од корист за сите, и зад кои нема скриени агенди за партизација на институциите, за што веќе има тенденции од страна на владата на СДСМ, се додава во соопштението.

Од страна на Груевски била изразена благодарност за поддршката од страна на Турција, и била посочена конструктивната и активна улога на турската заедница во демократскиот развој на Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.