Груевски: Не ветуваме чуда, ветуваме макотрпна работа

Тој најави дека економијата ќе биде суштината и најголемиот дел од новата програма на ВМРО – ДПМНЕ со цел да се создаде подобар животен стандард за граѓаните.

Ќе се води достоинствена политика, потенцира Груевски. Најави дека четири тима ќе поминат низ цела Македонија и ќе собираат идеи од граѓаните, а повторно ќе започнат и со трибини.

Со народот и со екпертите, рече Груевски, ќе ја пишуваме програмата, тоа ќе е нашиот нов успех.

Да подигнеш нови прашања, нови можности, да гледаш на старите проблеми од нов агол бара креативна имагинација и означува вистински напредок, е мисла на еден од најголемите креативни умови на човештвото Алберт Ајнштајн. Таа мисла ја отсликува целата реалност на нашето време, на дадениот историски миг кога сме кај вратите на новите предизвици. Не се тоа предизвици за тоа кој ќе победи и кој ќе ја има довербата, бидејќи народот одамна е одлучен и тоа како резултат на слободна свест и совршена свесност за големината на ситуацијата во која се наоѓа за да даде придонес за својата Македонија. Тие се нови предизвици, предизвици на новото време, затоа да одиме побрзо напред, да направиме подобро, да решиме повеќе, да создадеме за сите, да оставиме за следните, да се одолжиме на предците, да твориме, да градиме, да се грижиме, да оставиме трен белег на нашата генерација, рече Груевски.

Цитирајќи го Шарл де Гол, претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, истакна дека највозвишена е славата на оние кои не потклекнале.

Македонските граѓани никогаш не потклекнаа, а досега низ времето беа соочени со големи предизвици. Тие сфатија и живеат со девизата дека ова е нивната земја и дека тие одлучуваат за неа. Тие го живеат сонот на Делчев, содржан во фантастичното реторичко прашање кое крие вонвременска мудрост. Дали може да има друго место за еден Македонец освен својата земја. Граѓаните ја сакаат Македонија повеќе од кој било друг. Тие, граѓаните на РМ, одлучуваат за секој следен чекор, за секој следен проект кој ние се обврзуваме заедно да го напишеме и многу побитно заедно да го реализираме, рече во обраќањето премиерот Груевски.

Груевски: успеавме да реализираме над 3.000 проекти

Премиерот во своето обраќање потсети и на низа проекти ветени и остварени во рамки на програмата „Преродба во 100 чекори“, која го дигна стандардот во политичката сфера, под кој, истакна Груевски, не може и не смее да се оди.

Ја размрдавме…