Груевски: Цврсто верувам во народот, тој треба да одлучи!

Чесните граѓани на Република Македонија нема да ги поддржат нечесните работи што се прават од опозицијата. Народот бара избори. Нам ни треба обединување на силите, ставање на крај на сите поделби, на целата горчина и мачнина која СДСМ ја посеа во изминатиот период. Јас цврсто верувам во народот и го познавам неговиот капацитет. Затоа народот треба да одлучи.

Ова меѓу другото го истакна претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во обраќањето на семинарот “Дигитална Европа: Младински Политики за Просперитет” кој е организиран од страна на Демократската Младинска Заедница на Европа и Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека повикот на опозицијата да го поддржеле здруженија е парадерски на опкружување со оние што веќе го имаат опкружено, под плаштот на Сорос и кои и сега одработуваат за СДСМ.