Груевски: Да го следиме Св.Климент и да му служиме на народот на најдобар можен начин

груевски

Неговото дело преставува добар пример за тоа како со труд и искрена посветеност се постигнува многу и може да се придонесе кон живот базиран на принципи и вредности. Само со труд, смирение и посветеност може да постигнеме добри дела за нашиот народ и нашата држава. Така да бидеме одговорни пред себе и пред Македонија. Да бидеме одговорни пред историјата и пред иднината. Тој е пат на меѓусебно почитување и постојана работа. Почитувајќи ги овие принципи може да одиме напред, да создадеме многу повеќе, и да ја развиваме нашата држава. Патот на напредокот и остварувањето на дела за сите преставува приоритетот во нашата работа, бидејќи тоа им е потребно на граѓаните. Да го следиме Свети Климент и да му служиме на народот на најдобар можен начин и до последниот атом од нашата сила. Нека е вечен неговиот спомен, нека е вечна инспирацијата од неговите дела. Нека ни е честит и за многу години големиот празник – Св. Климент Охридски, стои во честитката на Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.