Груевски да земе се’ во раце!

Во минатата колумна кажав дека за симнување на Владата на Груевски во опција се две варијанти:

„Обоена револуција“ и избори. И дека сценариото за македонски „Мајдан“ продолжува да биде актуелно и по фијаското од 17 мај. Неуспехот на преговорите во Брисел е доказ дека организаторот на пучот во Македонија сака да биде сигурен дека Груевски ќе биде симнат.

Прво, да расчистиме едно актуелно прашање: Кој е виновен за неуспехот во Брисел? Заев? Не се зае(в)бавајте! Кога слушам такви тврдења како и тоа дека консултанти му биле Геровски, Фрчковски, Ордановски, се чудам на природната или намерна простотија наша. Да се потсетиме за реченицата: „Кој ја ебе ЕУ!“ Ја кажа помошникот Државен секретар на САД, Викторија Нуланд. Истото на друг начин го кажа Заев во Брисел. За жал, не се сеќавам некој државник од Балканот да имал таква храброст. Заев ги направи смешни и Хан и сите други, затоа што позади него се САД. Зошто мислите дека амбасадорот Бејли беше во Брисел иако не è дел од преговарачкиот тим? Да биде во близина и да ја контролира состојбата. Зошто Заев и во Стразбур и во Брисел излегувал повеќе од десет пати за телефонски и други консултации? Да се консултира со Геро и Фрчко? Некој ќе каже: ама САД го поздравија Договорот од 2 јуни. Точно е. Веднаш по договорот Хан замина на рапорт во Вашингтон. Но, да обрнеме внимание на точка 6 од Договорот: „До 10 јуни партиите ќе се договорат за конкретна организација на Владата која ќе ги подготви изборите“. Тоа значи попуштање за трансформација на Владата. Врз основа на тоа попуштање беа и уцените во Брисел за техничка или преодна Влада.  И кога Груевски одби таква ароганција преговоите беа прекинати.

Мене секогаш ме лутела флексибилноста на Премиерот. Има добиено избори организирани фер спрема меѓународните признанија. Зошто води преговори за избори со кои ги девалвира добиените? Притоа преговори со еден шпион кој мафта со материјал од странски служби. Дури сите тие разговори да се вистински, суштината е дека на удар е самата држава. Во целиот свет во затвор одат шпионите и тие кои им даваат документи, а не луѓето за кој се зборува во тие документи. Документите кој ги објави Сноуден на пример се вистински, но американските судски органи сакаат да го стават во затвор него, а не Владата на САД за нејзините дејствија. Така се чува држава и македонските граѓани го сфаќаат тоа. Затоа што вистинскиот проблем денес е дали ние Македонците ќе го зачуваме и тоа мало парче кое остана од нашата земја и кое сакаат да ни го одземат. Проблемот е дали ќе продолжат да не распарчуваат со официјална федерализација, со губење на името и идентитетот. Партиски служби и корупцијата се лошо нешто, но нема полошо од тоа да не си свој на своето. Тоа добро го знаат Македонците од Пиринска и Егејска Македонија и од Албанија. Затоа ние сме почуствителни од тие кои се родени и живеат во своја држава, а не ја ценат.

Заев одамна требаше да биде во затвор заедно со целиот антидржавен врв на СДСМ. Одамна требаше да се спроведат избори за пополнување пратеничките мандати. И да се гласа Закон против користење на странски пари за пропаганда против Македонија. ОБСЕ исто нема место тука. Тоа треба да бидат моменталните приоритети на Груевски.

Премиерот мора да сфати дека прашањето ја надминува и неговата фотелја и неговата Влада и неговата Партија. Станува збор за Мкедонија затоа ситнежи и калкулации се многу штетни. Знаеме дека САД и ЕУ го уценуваат и го плашат со граѓанска воја. Но, што од тоа? Зарем доброволно ќе се уништиме, ќе кренеме раце за да има мир? А и уцените за граѓанска војна не се баш точни, независно дека американскиот потпретседател Кери изјави: „Македонија е на линијата на огнот“ меѓу САД и Русија.

САД може да уфрли терористи од Косово, но тие се недоволни за граѓанска војна. Во 2001 година Ахмети беше донесен од Американците, но тој е итар човек и сака да ја освои Македонија чекор по чекор. САД сака македонски „Мајдан“, но тогаш ќе гинат Албанци, а не Американци. Ахмети сака избори затоа што ќе биде најголем победник меѓу нив и ќе може да се пазари за повеќе министри и уште пожесток Рамковен договор на штета на Македонците.

По тој начин моментно интересите на САД и Ахмети не се совпаѓаат. Тоа мора да се искористи од Груевски. Ако продолжи со својата флексибилност државата е изгубена. Неможе да се збори: „Подготвени сме за избори кога и да е“. Тоа е покана кон ЕУ, САД, СДСМ, ДУИ тие да одлучуваат кога да бидат изборите. Одлуката мора да ја донесе Премиерот. Што е тоа: „Преговорите за излез од кризата да продолжат“­? – Премиере преговорите завршија. ТОЧКА. Оттука натаму мора да следуваат дејствија.

Прва варијанта: Груевски продолжува со виткањата, Заев продолжува со „бомбите“, САД и ЕУ со притисоците. Се јавуваат уште неколку групи на терористи. Несигурноста расте. Се повикува Груевски да се повлече за „Доброто на Македонија“. Патриотското македонско јадро е обесхрабрено. Доаѓаат нови протестои и власта паѓа.

Втора варијанта: Груевски и Ахмети се договараат за избори до септември. СДСМ протестира. САД и ЕУ протестираат. Унијата не плаши со одземање на препораката за почеток на преговори. Груевски им одговара да си ја користат за WC (ако го слушнеме тоа ќе значи дека на овие простори се јавил нов Тито). Тоа се мечти, побитно е Премиерот да не попушти. Пред изборите ќе бидат уфрлени терористички групи. Специјалците овој пат мора да ги уништат до последен. По изборите Заев и компанија ќе одат во затвор, соросоидите ќе бидат сместени таму каде што им е местото итн.

Трета варијанта: Заев е уапсен и се носи брза судска одлука. Се подигаат кривични пријави против други лидери на СДСМ. САД и ЕУ протестираат. Се одзема препораката за… WC. Се уфрлуваат терористички групи. Полицијата, доколку е потребно и армијата си ја вршат работата. Ахмети гледа дека состојбите се многу посериозни во споредба со 2001 година и Владата и народот не се со симнати каќи како тогаш. Затоа го одбива притисокот на САД за граѓанска војна, а Груевски му нуди предвремени избори.

Првата варијанта е капитулација. Безусловна и неповратна.  Втората и третата носат ризици, но се успешни. Апсењето на Заев, праќањето во затвор и ударот по соросоидите ќе донесе уште поголем ентузијазам кај македонските патриоти. Антидржавните елементи пак ќе бидат уплашени. Таква е македонската психа.

За крај еден предлог. Сите ние кои сме за македонскиот државен интегритет и за зачувување на македонското име (идентитет) да си напишеме завештание и да почнеме жестока борба за одбрана на Татковината.