Груевски даде отчет за 100 дена Влада

Нови странски инвестиции, бројни капиталини проекти кои се веќе реализирани, како и во фаза на реализација, проекти од здравството, образованието се само дел од оние кои премиерот Никола Груевски ги наведе во отчетот за 100 дена Влада.

„Македонија одлично напредува на економски план. Од формалното формирање на Владата, па се досега целосно заврешни се 116 проекти, а 554 се веќе започнати. Тоа ни поажува дека за 100 дена сме реализирале вкупно 670 проекти. Но, не застанавме тука. Започнавме и со реализација на 161 проект кои не се во изборната програма“, рече премиерот Груевски.

Тој додаде дека растот на Бруто домашниот производ е за 4,3 отсто во вториот квартал од годинава, а во првиот изнесувал 3,5 отсто. Зголемувањето на странските директни инвестиции е за 12,1 отсто, додавајќи дека според акнкетите Македонија останува во групата на ниско умерени задолжени групи.

DSC_1512

„Невработеноста е намалена и денеска таа изнесува 28, 2 отсто што претставува најниско ниво на невработеност во последниве 18 години. Колку за потсетување, пред ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт, невработеноста изнесуваше 30 отсто. Бележиме и пораст на вработеноста во вториот квартал за 41,1 отсто, како и зголемување на вработеноста кај младите лица до 29 години преку мерките кои за нив се спроведуваат. Од почетокот на реализацијата на овие мерки, вработени се повеќе од 3.500 млади лица“, рече Груевски.

Според нашите ветувања, ги намаливме даноците од 18 на 5 отсто за училишните прибори, бебешките производи, сточната храна, добитокот, потенцираше Груевски, споменувајќи ги и проектите за нивелирање на казните, топ менаџер, странски експерти во македонски компании и многу други.

„Воведовме централен систем за царинење и електронско плаќање на даноци. Во моментов 17 странски компании работат на отворање на нови фабрики во Македонија. Најавени се и нов инвестиции од шест компании и Контнте груп, Мач груп, Темпо груп, Смирна, Охи груп, Про лајн. Инвестиции кои ќе бидат на територијата на цела Македонија каде ќе имаме од 50 до 400 нови вработувања. Две компании најавија дополните инвестиции. Гришко е едната, таа ќе отвори нови капацитети кои ќе овозможат од 160 до 200 нови работни места. Шест компании донесоа интерни одлуки за инвестирање во Македонија. Бидејќи овие одлуки не се сеуште јавни можам да кажам дека станува збор за неколку американски, една германска и турска компанија. Планирано е нивните инвестиции да бидат во Скопје, Битола, Прилеп…“, додаде премиерот.

Тој информираше и за новите инфраструктурни проекти, како автопати кои се започнати со изградба. Меѓу нив се автопатот Смоквица-Гевгелија во должина од 25 киломтери, вреден 210 милиони евра, кој ќе биде завршен до 2016 година. Потоа, Скопје-Штип кој чини 374 милиони евра во должина од 47 километри, кој има рок на реализација до 2017 година, како и автопатот Кичево-Охрид кој ќе биде завршен во 2016 година, а чини 206 милиони евра.

DSC_1494

„Се врши и ревитализација на патниот правец Велес-Катланово, реконструиравме 13 локални патишта, 29 километри регионали патишта, го изградивме паркот на ветерни електрани во Богданци, а започнавме и со проектот за ревитализација на шест хидроцентрали. Вложуваме и во образованието. Целосно реконструиравме 8 седни и 19 основни училишта, а изградивме три основни и едно средно училиште. Отворени се осум нови павиљони во студентскиот дом Стив Наумов, а распишан е и тендер за реконструкција на студентскиот дом Гоце Делчев. Реализиравме и проекти во здравството, како што се аптеки во руралните средини, 70 специјализации на докторите во Греманија, Хрватска, Словенија, отоворање на линија за медицински совети. Завршивме со реконструкцијата на Здравствениот дом во Крива Паланка, како и на поликлиниката Букурешт, а во тек е реконструкцијата на болницата во Кичево, како и изградба на клиничкиот центар во Скопје и нова болница во Штип“, истакна Груевски.

Тој додаде и дека ќе се продолжи со инвестицииите во земјоделството, како и субенционирањето на земјоделието. Со програмата за 2015-2025 година ќе се започне со проекти за наводнување со што ќе можат да се наводнуваат повеќе земјоделски површини. Првата година буџетот за оваа намена ќе изнесува 20 милиони евра, со можност за негово зголемување секоја година.

„Проекти реализиравме и во социјлната политика. Започнавме во реализација на Отпис на долгови, во моментов сме до втората фаза, во која граѓаните аплицираат за отпис. За социјлано загрозените семејства донесовме одлука елаборатите за легализација да им бидат бесплатни, тие се ослободени и од плаќање на радиодифузна такса. Продолжуваме и проектот за бесплатен одмор на 2.000 деца од социјалните категории, воведовме намалување на каматната стапака за проектот Купи куќа, купа стан. За студентите започнавме со реализација на проектот Слободен четврток, а воведен е и бесплатен железнички превоз. Отворен е новиот современ театар во Велес, а за безбедноста воведовме и неколку нови проекти меѓу кои мобилни полициски станици, сообраќајна контрола преку интернет, како и новата камапања за безбедност во сообраќајот. Во рамките на локалната самоуправа наскоро ќе имаме и нова индустриска зона во Вардарскиот регион“, изјави Груевски.

Тој на самиот крај додаде и дека платите и пензиите оваа година ќе се зголемат за 4 отсто, а за следната е предвидено платите, пензиите и социјалната помош во септември, односно јуни да се зголеми за 5 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.