Македонија,Политика

Груевски-Даниелсон: Резултатите од дијалогот ќе ги забрзат преговорите за членство во ЕУ

Груевски-Даниелсон: Резултатите од дијалогот ќе ги забрзат преговорите за членство во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари средба со Генералниот директор на Директоратот за проширување на Европската Комисија, Кристијан Даниелсон.

На средбата стана збор за европските интеграции на Македонија кои се стратешка определба на Владата.
Премиерот Груевски ги истакна реформите кои се преземаат со цел достигнување на стандардите кои се од значење за европската интеграција на нашата земја. Тој го истакна и придонесот на европските институции во напредокот и реализацијата на реформите.

Директорот Даниелсон искажа интерес за приоритетните области кои Владата планира да ги преземе во следниот период, а во пресрет на есенскиот извештај за напредок. Соговорниците разговараа и околу планирањето на понатамошната европска финансиска поддршка за реализација на проекти и реформи во Македонија.

Беше разговарано и за реализацијата на приоритетите од Пристапниот дијалог на високо ниво помеѓу Република Македонија и Европската Унија кој од страна на соговорниците беше оценет како позитивен процес и ја истакнаа неговата корисност за продолжување на реформите од европската агенда.Премиерот Груевски и директорот Даниелсон оценија дека резултатите од дијалогот ќе придонесат во намалување на времетраењето на преговорите за членство во Европската Унија.