Груевски: Дејствуваме во интерес и на државата, и на бегалците и на Европа

Ние со нашето однесување дејствуваме и во интерес на мигрантите, за подобар хуман третман, но и заради евиденција и намалување и превенција од безбедносните ризици и закани, не само кон Македонија туку и кон нашите европски пријатели. Дејствувањето на јужната македонска граница е дејствување во интерес на Европа, потенцира премиерот Груевски и додаде дека безбедноста е значајна компонента и таа не е и не може да биде секундарна работа, а за сметка на хуманоста.

-Хуманоста сме ја докажале безброј пати. Македонија беше место каде што 360.000 лица најдоа привремено прибежиште пред 16 години за време на косовската криза, и никој не може да ја обвини Македонија за нехуманост, напротив. Како што зимата надоаѓа ние постапуваме одговорно, обезбедуваме бесплатна медицинска заштита, топла облека, храна и топли напитоци, обучуваме персонал кој е спремен да помогне, соработуваме со невладиниоте организации и поставувањето на СОС детски села на јужната и северната граница се одличен пример за тоа.  Ја поздравувам одлуката на ЕУ силите на Фронтекс да учествуваат во координирање на активностите на грчко-македонската граница и сакам да им заблагодарам на европските политичари и европските земји кои ни даваат поддршка во надминувањето на овој предизвик. Уште еднаш ние мораме да се обединиме околу координаиран одговор на кризата која ќе трае, обединуваќи ги Балканските држави. Европските сојузници, меѓународните актери, невладините и хуманитарните организации околу споделено и одржливо решение за оваа криза во која Македонија од сопствени ресурси, без сериозна финансиска помош од надвор, прави се за хуман третман на оние кои бегаат од виорот на војната, истакна премиерот.

Тој додаде дека надлежните ќе продолжат да се однесуваат одговорно и посветено на оваа тема.