сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 31

Груевски: Делата нас нѐ прават поразлични од другите политичари, кои само ветуваат брда и долини

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва пред преполната спортска сала „Јане Сандански“ започна со давање отчет пред граѓаните за исполнетите дела и ветувања, потенцирајќи дека нивниот труд се темели на дадената доверба од самите граѓани и поддржувачи на политиките на партијата.

gruevski-otcetno

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва пред преполната спортска сала „Јане Сандански“ започна со давање отчет пред граѓаните за исполнетите дела и ветувања, потенцирајќи дека нивниот труд се темели на дадената доверба од самите граѓани и поддржувачи на политиките на партијата.

Пред вас денеска се наоѓа капитално дело кое е компилација од нашиот труд во изминатите години, а се темели на дадената доверба од вас, граѓаните, народот, поддржувачите на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Во овој отчет се опфатени проекти во периодот од 2014 до 2016 година, но и некои поголеми и значајни проекти кои започнале или се реализирале до 2014 година. Тешко е на неколку стотини страници да се каже и покаже што се е направено, но едно е важно, фактот дека најголем дел од ветено е остварено или почнало да се остварува. Има и многу работи кои не се ветени, а се остварени по барање на граѓаните тоа не прави поразлични. Вредноста во политиката не е она што ќе го кажат, туку тоа што ќе го направат политичарите за државата, делата треба да зборуваат за нас, не за нашите зборови. Дадениот збор за нас во ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија претставува завет пред граѓаните, а делата го сведочат тоа, проектите им помагаат на луѓето и им го прават животот поразличен и подобар, поквалитетен во повеќе сегменти. Покажавме како изгледа да се гради, да се грижиш за своите граѓани, да помагаш, да решаваш проблеми, реформи. Нашата посветеност, реализирањето на програмата вроди со плод. Луѓето денес лесно можат да направат споредба од некогаш и денес. Нашата работа донесе нови работни места чиј број на новоотворени работни места достигна 150.000. Од 560.000 вработени на над 710.000 во Македонија. Платите на просветните работници се во постојан раст, најниската од 2006 година до денес е зголемена за 119 % а највисоката за 67%, пензионерите просечна пензија е зголемена за над 70%, најниската за повеќе од 90%. Користите од нашата политика ги почувствуваа и земјоделците преку поддршка во  износ од 1 милијарда и 55 милиони евра во измина години насочени кон земјоделството. Покажавме како треба да се унапредува здравство со изграбда на болници и клиники, големи количини медицинска опрема вредна над 100 милиони евра, но и едукација на докторите во странство за да ги научат и применат во Македонија најновите методи за дијагностика и лечење на различни болести. Грижата за иднината на држава се гледа во образованието преку шансата за запишување на универзитет преку 2 новоотворени државни универзитети, зголемените стипендии и намалени партиципации, можност за студирање во странство, трошок покриен од буџетот. Граѓаните знаат што значи да се обновува инфраструктурата. Градиме 3 нови автопати, над 510 км регионална и 750 км локална патна мрежа. Овие и уште над 3500 други проекти, мерки, реформи се реализираа во неколку последователни години. И други бројни проекти се нашите дела, нашите реформи, чекори за посилна и помоќна Република Македонија. Ова е разликата. Делата нас не прават поразлични од другите политичари кои само ветуваат брда и долини и не испорачуваат резултати. Резултатите преточени во дела не разликуваат од останатите, она што го ветуваме е реално и остварливо. Отчетот е доказ за тоа, потенцираше Груевски.

Најчитани вести