Груевски и денес на терен

Премиерот Никола Груевски и денеска на терен. Како што информираат од Владата, за денес е предвидено претседателот на Владата на Република Македонија да оствари посета на општините Ѓорче Петров и Сарај.

Груевски и денес на терен. Според најавите премиерот ќе оствари средби со граѓаните од повеќе населени места во споменатите општини, а се планира и да направи посета и увид на градежните активности на неколку проекти што во моментов се реализираат.

Груевски ќе го посети и ќе направи увид во градежните активности за реконструкција на постоечкиот објект и за доградба на нови простории во состав на основното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром.

Груевски на терен, фото: МИА
Груевски на терен, фото: МИА

Исто така се предвидува премиерот да направи посета и да изврши увид во градежните активности за реконструкција и изградба на улиците „Ибе Паликуќа“ и „Злате Михајловски“ во населбата Хром кои се дел од проектот за изградба и реконструкција на 16 улици во општината.

Во општината Ѓорче Петров премиерот повторно ќе има директни средби со граѓаните од село Волково и од село Ново Село.

По ова, според агендата, се планира Груевски да направи посета на општина Сарај, каде ќе го посети и ќе направи увид во градежните активности за изградба на новото средно училиште во село Сарај.

За денес, исто така се планира премиерот да оствари средби и со граѓани во село Љубин и во село Шишево.

Инаку во текот на изминатите два дена, покрај остварените средби со високи претставници на други земји, кои беа во посета на Македонија, премиерот присуствуваше на пуштање во употреба на две нови училишта, како и на поставување камен темелник на ново училиште во Скопје.

Шуто Оризари доби средно училиште
Шуто Оризари доби средно училиште

Во текот на вчерашниот ден премиерот присуствуваше на пуштањето во употреба на ново средно училиште во општината Шуто Оризари, а по повод 1-ви септември, односно првиот училишен ден, премиерот присуствуваше на поставување камен-темелник на основното училиште „Невена Георѓиева Дуња“ во општина Кисела Вода, како и на пуштањето во употреба на новата училишна зграда на училиштето „Живко Брајковски“ во општина Бутел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.