Груевски денеска на состанокот на ЕПП во Брисел

Премиерот Никола Груевски денеска ќе учествува на Самитот на Европската народна партија (ЕПП) кој ќе се одржи во Брисел, Белгија, јави МИА.

Самитот на Европската народна партија се одржува во пресрет на седницата на Европскиот Совет.

Меѓу присутните на Конгресот во Даблин се и германската канцеларка Ангела Меркел, шпанскиот премиер Мариано Рахој, полскиот премиер Доналд Туск, премиерот на Унгарија Виктор Орбан, како и актуелниот претседател на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и претседателот на Европскиот Совет, Херман ван Ромпуј.

ЕПП е најголемата политичка партија на европско ниво, во која партиципираат 12 шефови на влади на држави од Европската унија. ЕПП е претставена и со 13 членови на Европската комисија и има најбројна пратеничка група во Европскиот парламент. Таа претставува најголема и највлијателна политичка партија на повеќе одлучувачки нивоа во Европската унија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.