Груевски денеска во Брисел, утре министрите на ЕУ ќе дискутираат за Македонија

Денеска во Брисел пристигнува владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски на средба со викоките европски преставници. Како што се очекува ќе бидат максимално интензивирани дипломастките контакти со цел да се надмине политичката состојба во Македонија, пренесе МРТ.

Утре во Луксембург Советот за општи работи (министри за надворешни работи на ЕУ) ќе разговара за ситуацијата во Македонија и се очекува да се донесе заклучок за надминување на политичката криза во Македонија. Советот се очекува да изрази длабока загриженост за влошување на ситуацијата во земјава и да ги повика лидерите на сите политички партии да пристапат кон решавање на проблемите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.