Груевски денеска во Кочани и Виница

Станови за 43 семејства во Кочани

Премиерот Никола Груевски денеска ќе ги посети општините Кочани и Виница.

За време на посетата на Кочани, премиерот Груевски ќе изврши увид во изградбата на објект со 43 станови наменет за лица со социјален ризик и во изградбата на спортската сала во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“. Тој ќе присуствува и на отворањето на фабриката за ориз „Левидиагро“, а ќе оствари и средби со жителите на село Оризари.

Во Виница попладне премиерот Груевски ќе ја посети австриската компанија „Текспорт“ и ќе се сретне со жителите на селото Јакимово.