петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 1

Груевски: Деструкцијата на опозицијата на граѓаните не им ги решава проблемите

Со денешните 6 проекти вкупно понудивме 40 нови проекти кои ја претставуваат нашата визија и инвестиција за младите и вие знаете дека тоа што го ветуваме го остваруваме.

merki-mladi-gruevski-640x411

Поврзани вести

Со денешните 6 проекти вкупно понудивме 40 нови проекти кои ја претставуваат нашата визија и инвестиција за младите и вие знаете дека тоа што го ветуваме го остваруваме.

Ова денеска го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по претставувањето на новите шест мерки за подобрување на животот и стандардот на младите лица.

Зад секој проект секоја институција одговорна за спроведување ќе ја има мојата упорност и ангажман за да се реализира ветеново доследно и навремено. Да се исполнат очекувањата на младите бидејќи зборот е збор и мора да се исполни. Докажуваме дека значаен ни е секој проект и ова го правиме зашто веруваме во потенцијалот на младиот човек и обезбедување на сигурност, добро образование, инфраструктура и можности го поттикнуваат нивниот развој. Работа и проектите се нашиот приоритет и колку и да се обидуваат да не навлечат нашите политички противници на други теми конструкции и манипулации народот знае дека проектите и работата единствено го прават нивниот живот подобар и поперспективен. Деструкцијата каква ја применува опозицијата на граѓанинот не му ги решава проблемите, ниту оние несреќни епизоди кои се кршат на грбот на граѓаните и одредени  политичари водат кампања кои предвремено ја започнаа. Од она што може да се види повеќе од јасно е дека таа кампања е валкана и непринципиелна. Видовме како се правеа опструкции и селективност и така мислат да водат политика. Одбивам да се натпреварувам во деструкција, во рушење или во конструкција и манипулација. Тоа е терен кој не го познавам, ама очигледно има такви кои наместо искрена работа, теренот на манипулации најдобро го владеат. Со вакви работи, со разни чаушлаци, местенки и фабрикувања нема да добијат избори. Народот ги има прочитано и знам дека ќе одбере програма и нови работни места наспроти деструкцијата која СДСМ ја нуди. Одбивам да влегувам во нивните игри на манипулации и деструкции која повторувам, на народот не му ги решава проблемите. Она во што ние сме добри и кон што ВМРО-ДПМНЕ е силно фокусирано е развојот на економијата, новите работни места и подобрување на стандардот на животите, потенцираше Груевски.

Како што подвлече тој, политиката има предности и е многу повеќе од тоа што опозицијата сака да го прикаже. Нашата сила, додаде Груевски, е во нашиот народ кој е мудар и знае што се случува кој за што работи и се бори и громогласно ќе одговори на изборите на 5 јуни. Таа сила не бодри да направиме уште многу повеќе затоа што нашата победа на 5 јуни ќе биде огромна победа на народот и вистината.

Најчитани вести