Нова странска инвестиција – Груевски на отворањето на „Диатек“

Нова странска инвестиција во Македонија. Премиерот Никола Груевски, денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на фабриката МАКДИА, инвестиција на компанијата „Диатек“.

Новата фабрика МАКДИА ќе биде отворена во Tехнолошко индустриска развојна зона – Скопје.

Договорот за реализација на инвестицијата беше потпишан кон крајот на март годинава.

Нова странска инвестиција во Македонија.
Нова странска инвестиција во Македонија.

„Диатек“ се занимава со дигитално печатење, а производството во ТИРЗ – Скопје ќе биде наменето за пазарите на Југоисточна Европа, Медитеранот, Блискиот Исток и Северна Африка.

Компанија, освен во Италија, има производствени капацитети во Швајцарија, Франција, Германија и САД, со годишен обрт од околу 200 милиони евра и вработува 800 луѓе во светот.

Повеќе инвестиции отворени во само неколку дена

Фабриката МАКДИА  во Tехнолошко индустриска развојна зона – Скопје е нова странска инвестиција во Македонија. Пред само две недели во Штип ја почна со работа фабриката на германскиот Техникал Текстаил која ќе вработи 1.000 лица. Наскоро со работа започнува со работа германскиот гигант Маккард кај Велес кој ќе вработи 600 лица, а американскиот бренд Ки Сејфти системс во октомври ќе се всели во нивната новоизградена фабрика кај Кичево каде предвидува 1.000 вработувања.

Груевски: Значајно подобрената бизнис клима во земјата ќе продолжи да се надградува

Груевски: Значајно подобрената бизнис клима во земјата ќе продолжи да се надградува
Груевски: Значајно подобрената бизнис клима во земјата ќе продолжи да се надградува

Економијата, инвестициите, новите работни места, се вториот најголем наш предизвик, заедно со членството во ЕУ и НАТО. Фактот што деновиве ММФ објави дека сме во групата на 5 најмалку задолжени земји во Европа ги потврди нашите досегашни тврдења. Одговорното однесување на овој план треба да продолжи. Ова вчера го изјави премиерот по повод Денот на независноста на Република Македонија.

Чекорот кој владата неодамна го направи со намалување на казните на фирмите, и нивно нивелирање според економската моќ и бројот на вработени во фирмата, е чекор кој внесува поголема правичност во санкционирањето на престапите и плод на одличната комуникација меѓу владата и приватниот сектор. Големиот број инвестиции во последните години, дури и во времиња на светски и Европски кризи, ни помогнаа значително да ја намалиме невработеноста, иако истата и понатаму останува голем предизвик. Значајно подобрената бизнис клима во земјата ќе продолжи да се надградува. Големи компании од различни држави во светот ќе продолжат да доаѓаат и да отвораат нови работни места, но и домашните фирми ќе креираат нови работни места и поголем извоз. Извозот во 2014-та во однос на 2006-та е речиси дуплиран, и радува што една третина од тоа припаѓа на зголемувањето на извозот на домашните фирми, рече тој.