Груевски: Директна авио линија Скопје – Доха

Уште една авиокомпанија одлучи да воведе директна авио – линија поврзувајќи ја Македонија. Државата ќе се најде на мапата на Qatar airways која преставува една од светски најдобро рангираните авиокомпании. За ова информираше претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски во статус на неговиот профил на Фејсбук.

Gruevski-Katar-ervejzУште една авиокомпанија одлучи да воведе директна авио – линија поврзувајќи ја Македонија. Државата ќе се најде на мапата на Qatar airways која преставува една од светски најдобро рангираните авиокомпании. Ова е уште една нова линија која е резултат на нашите залагања за обезбедување на нови дестинации за нашите граѓани. Сето ова беше иницирано при мојата посета на Доха за време на средбата со емирот Хамад бин Џабир Ал-Тани, по што се реализира и средба со нивната авиокомпанија, на која беше разговарано за можноста за отворање на директен лет. Тие контакти продолжија при што компанијата Qatar airways донесе позитивна одлука. Во текот на 2016-та година ќе има директно поврзување со Доха, Катар, кој претставува еден од најмоќните економски емирати и е значаен трговски центар.

Инаку преку финансиската поддршка што се обезбеди за воведување на евтини авио – линии до сега воведени се евтини летови до 20 градови во Европа, од Скопје кон Лондон, Венеција, Малме, Базел, Ајндховен, Дортмунд, Милано, Минхен, Стокхолм, Гетеборг, Брисел, Франкфурт, Келн, Париз, Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург, Фридрихсхафен и од Охрид кон Базел. Ваквата можност за евтини летови досега ја искористија преку 2 милиони патници кои заштедиле на своите буџети, ја искористиле понудената можност за патување до некоја европска дестинација. До крајот на овој месец ќе се воведат уште три нови дестинации кон Братислава, Копенхаген и Берлин, а од мај авиокмпанијата Czech airlines ќе воведе линија до Прага.

Со овие авиолинии и со останатите што моментално оперираат од македонските аеродроми се обезбедени вкупно 34 дестинации, односно 35 со новата линија до Катар. За споредба во 2005-та година се леташе кон само 15 дестинации, што е за повеќе од два пати помалку од она што е достапно сега.

Тоа се одрази и на бројот на патници, при што ако тогаш, во 2005-та, имаше само половина милион патници, последната 2015-та година македонските аеродроми забележаа рекордна бројка од 1.5 милиони патници.

За отворање на сиве овие многу нови линии, покрај нашата упорност и владин ангажман клучни беа уште две работи:

– изградбата на многу нови работи и содржини како музеи, споменици, репрезентативни згради и слично во Скопје и Македонија со кои се збогати туристичката понуда и на туристите им е далеку поатрактивно да ја посетат Македонија од порано и

– второто е визната либерализација за македонските граѓани која ја изработивме за само две и пол години по доаѓањето на власт во 2006-тата.

Зголемениот број на патници е и резултат на развојот на економијата, трговските односи, туризмот, додека обезбедувањето на евтини летови и нови дестинации е нова можност за граѓаните која ја користат, особено важна за младите, но и за стопанството, патувањата значат можност за нови поврзувања, искуства, контакти, отворање кон Европа и Светот, напиша Груевски во статус на неговиот Фејсбук профил.