Груевски: До крајот на годината започнува изградбата на гасоводната мрежа за домаќинствата

До крајот на годината започнува изградбата на гасоводната мрежа за домаќинствата во однос на секундарната гасификација, заинтересирани се две компании за изградба на гасоводната мрежа за домаќинставата. За ова вечерва информираше премиерот Никола Груевски во емисијата „Јади бурек“.

-Ние имаме во овој момент доволно гас да обењзбесдиме гас за цела Македонија. Цевката која што влегува во Македонија, што доаѓа од Газпром од Русија е со капацитет од околу 800 милиони кубни метри, ние немаме ни половина искористено од ова. Она што во овој момент ќе го правиме, секундарна гасификација на Скопје, а понатраму и на источна и на западна Македонија и гасификација на домаќинствата. Со тоа би го зголемиле капацитетот на искористеност, меѓутоа со тоа неможеме да изградиме гасни централи. Гасните централи се големи потрошувачи, домаќинствата не се големи потрошувачи. Ние да ги покриеме сите домаќинства во Македонија и лесната индустрија итн. Доволни ни се овие количини што веќе ги имаме, реле премиерот.

Тој рече дека понатаму се размислува за инвестиции во гасни централи, кои што био произведувале и електрична и топлинска енергија, за што се потребни нови количини на гас.

По откажувањето на проектот „Јужен тек“, владата веќе размислува за нови можности за обезбедување на нови количини на гас. Како три опции тој ги напомена поврзувањето на  гасоводот со Грција, поврзување со Бугарија (интерконтиненталниот гасовод) или поврзување на гасоводот на Газпром во близина на Крива Паланка.