Македонија,Политика

Груевски до Заев: Ако загубиш во Струмица ќе си поднесеш ли оставка

Груевски до Заев: Ако загубиш во Струмица ќе си поднесеш ли оставка

Дали Заев ќе си поднесе оставка од градоначалничката функција во Струмица доколку загуби во неговиот град од ВМРО ДПМНЕ и коалиција, праша вечерва лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски говорејќи на митингот во Куманово.

„Еве, јавно го прашувам, ако тој изгуби во Струмица на 27-ми април дали е подготвен уште вечерта да си поднесе оставка од функцијата градоначалник. Во моментот кога граѓаните ќе гласаат за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ дали Заев е подготвен да си замине. Ајде да видиме дали сега ќе слушне или пак нема да му се слуша“, истакна Груевски.

Тој нагласи дека неколу пати досега јавно го повикал Заев да си поднесе оставка од градоначалничката функција ако бил толку убеден дека ќе биде идниот премиер и на тој начин да ја покажел својата сигурност, но како што рече Груевски, Заев молчел.

Груевски додаде дека СДСМ и Заев уште сега знаат што народот мисли и колку е подготвен да им ја даде довербата, па уште сега размислуваат да објават дека нема да ги признаат резултатите во недела навечер.

„Таквите размислувања и таквите чекори на непризнавање резултати укажува на недостаток на политичка и државотворна зрелоста, таквите чекори ќе направат само штета на Македонија“, нагласи Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека СДСМ цели 9 години губат на изборите во седум изборни циклуси, а се поизвесно е дека и на овие избори ќе имаат двоен пораз.