Груевски до Заев: Нема да ти дозволиме да си играш со безбедноста на државата и на сите граѓани

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешниот народен собир во Прилеп му порача на опозицискиот лидер дека во Македонија нема да дозволи да се случи граѓански конфликт.

-Го гледам пред некој ден така засилен и раскомотен малку, подолабавена кошулата демек неформален е. Вика гордо, ако треба и крв ќе падне. Слушам не ми се верува, враќам назад, пак слушам, стварно тоа го збори, си викам абе човек, седи мирен и не си играј играчки, тешки зборови кажуваш, не си играј играчки, да не те лаже ѓаволот да правиш глупости, зашто ако седиме мирно и те пуштаме на глава да ни се качуваш, не значи дека ќе дозволиме и граѓански конфликт да направиш. Немој да спиеш те молам на тоа уво дека некој ќе ти дозволи да си играш  со безбедноста на државава, не лидер на опозиција, што сакаш биди. И навистина, овој човек како да не е свесен што зборува. Не само заради еден куп глупости што ги изнакажа сиот овој изминат период, туку повеќе и заради фактот што на секои два дена тотално спротивни работи говори, еднаш едно потоа сосема спротивно, рече Груевски.
Според него, не е ни чудо што голем број на претставници на меѓународната заедница кажуваат веќе нескриено дека овој човек нема елементарен капацитет, ниту морален интегритет да биде лидер на опозицијата.

– Не е ни чудо што оваа операција не им успева. Граѓаните не може да бидат излажани, порача премиерот.

Тој се осврна на однесувањето на Зоран Заев и СДСМ.

-Е сега, на сиот труд, целата работа, посветеност, овие кои се синоним за неработење и лоповлук, за делење тендери по роднини, братучеди, чичковци, браќа и стрини, на делење на се и на страшно богатење и перење на пари преку кирии од рента на имот во кој живеат, и со други методи за кои веројатно и ќе се дознае појасно, сакаат на ваков подмолен кукавички начин, со како што и самите признаа, креирани, сечени материјали, преку невистини и лажни контексти во кои ги најавуваат своите прес-конференции, преку соработка со структури кои не и сакаат добро на Македонија, да ни наштетат лично и на нашиот кредибилитет и интегритет, мислејќи дека на таков начин ќе добијат поддршка од граѓаните. Се сеќавам имаше една детска емисија наречена Раскажувачот, во која еден човек покрај камин со куче до него отвораше книга и почнуваше да раскажува. Е тој раскажувач во случајов од струмичко Муртино си дава свој контекст на дополнително креирани, сецкани, лепени, монтирани разговори и од време навреме ќе подвикне, ќе се закани, ќе каже дека е многу силен и не се плаши од ништо, а всушност длабоко во него се крие едно така уплашено човече што дури на тие што добро знаат да проценат личност односно да направат психолошка проценка, им е совршено јасно и многу лесно ќе го видат тоа. И колку повеќе се сили, толку повеќе е уплашен. Тоа му се гледа во нејасниот поглед, во изнасилените и неприродни гестикулации, кои не му се својствени, во згрчената насмевка, демек се смешка, значи треба да веруваме дека е лабав и опуштен, а не сфаќа дека делува како да лапнал лимон, со сето ова што го прави, тој е само еден уплашен човек, кој гледа дека не успеа во неговите намери и во реализација на нарачките на неговите сценаристи, на тие што му го смислија ова. Зашто знаеме сите дека човекот е заложник и обична марионета. Не е ни чудо што неговата најблиска соработничка веќе неколку пати кажува пред различни соговорници дека овие им биле однапред подготвени материјали. Па ние тоа од старт го тврдевме. Најинтересно е што во сето ова нивно палење и ширење на агресија и закани, почнаа да раскажуваат кој каков тип на војска имал. Демек ако има судири по улици, тие биле спремни. И ни повеќе ни помалку си објавуваат во нивните медиуми, во тие што соросовата фондација им ги плаќа. И онака горди објавуваат кој каква војска имал, и демек биле многу силни, опасно ќе било. Бог да чува.  Е само тоа може човек да го каже. Бог да чува, рече Груевски.

„Го гледам пред некој ден така засилен и раскомотен малку, подолабавена кошулата демек неформален е. Вика гордо, ако треба и крв ќе падне. Слушам не ми се верува, враќам назад, пак слушам, стварно тоа го збори, си викам абе човек, седи мирен и не си играј играчки, тешки зборови кажуваш, не си играј играчки, да не те лаже ѓаволот да правиш глупости, зашто ако седиме мирно и те пуштаме на глава да ни се качуваш, не значи дека ќе дозволиме и граѓански конфликт да направиш. Немој да спиеш те молам на тоа уво дека некој ќе ти дозволи да си играш  со безбедноста на државава, не лидер на опозиција, што сакаш биди. И навистина, овој човек како да не е свесен што зборува. Не само заради еден куп глупости што ги изнакажа сиот овој изминат период, туку повеќе и заради фактот што на секои два дена тотално спротивни работи говори, еднаш едно потоа сосема спротивно,“ рече Груевски.

Според него, не е ни чудо што голем број на претставници на меѓународната заедница кажуваат веќе нескриено дека овој човек нема елементарен капацитет, ниту морален интегритет да биде лидер на опозицијата.

„Не е ни чудо што оваа операција не им успева. Граѓаните не може да бидат излажани,“ порача премиерот.

Тој се осврна на однесувањето на Зоран Заев и СДСМ.

„Е сега, на сиот труд, целата работа, посветеност, овие кои се синоним за неработење и лоповлук, за делење тендери по роднини, братучеди, чичковци, браќа и стрини, на делење на се и на страшно богатење и перење на пари преку кирии од рента на имот во кој живеат, и со други методи за кои веројатно и ќе се дознае појасно, сакаат на ваков подмолен кукавички начин, со како што и самите признаа, креирани, сечени материјали, преку невистини и лажни контексти во кои ги најавуваат своите прес-конференции, преку соработка со структури кои не и сакаат добро на Македонија, да ни наштетат лично и на нашиот кредибилитет и интегритет, мислејќи дека на таков начин ќе добијат поддршка од граѓаните. Се сеќавам имаше една детска емисија наречена Раскажувачот, во која еден човек покрај камин со куче до него отвораше книга и почнуваше да раскажува. Е тој раскажувач во случајов од струмичко Муртино си дава свој контекст на дополнително креирани, сецкани, лепени, монтирани разговори и од време навреме ќе подвикне, ќе се закани, ќе каже дека е многу силен и не се плаши од ништо, а всушност длабоко во него се крие едно така уплашено човече што дури на тие што добро знаат да проценат личност односно да направат психолошка проценка, им е совршено јасно и многу лесно ќе го видат тоа. И колку повеќе се сили, толку повеќе е уплашен. Тоа му се гледа во нејасниот поглед, во изнасилените и неприродни гестикулации, кои не му се својствени, во згрчената насмевка, демек се смешка, значи треба да веруваме дека е лабав и опуштен, а не сфаќа дека делува како да лапнал лимон, со сето ова што го прави, тој е само еден уплашен човек, кој гледа дека не успеа во неговите намери и во реализација на нарачките на неговите сценаристи, на тие што му го смислија ова. Зашто знаеме сите дека човекот е заложник и обична марионета. Не е ни чудо што неговата најблиска соработничка веќе неколку пати кажува пред различни соговорници дека овие им биле однапред подготвени материјали. Па ние тоа од старт го тврдевме. Најинтересно е што во сето ова нивно палење и ширење на агресија и закани, почнаа да раскажуваат кој каков тип на војска имал. Демек ако има судири по улици, тие биле спремни. И ни повеќе ни помалку си објавуваат во нивните медиуми, во тие што соросовата фондација им ги плаќа. И онака горди објавуваат кој каква војска имал, и демек биле многу силни, опасно ќе било. Бог да чува.  Е само тоа може човек да го каже. Бог да чува,“ рече Груевски.