Груевски: Дојавите од Заев за нашите тактики до Грција е срамен чин

Најтрагично е што една ваква работа Заев на штета на интересите на Република Македонија ја вади во јавност и и’ дојавува на другата страна, на Грција, тоа Грција никогаш не би го направила, истакна премиерот Никола Груевски во гостувањето во вестите на Канал 5 телевизија.

-Во Грција никогаш не би се случило да се пуштат разговори околу овој проблем помеѓу министерот за надворешни, или делови од разговори или монтирани или какви сакате и премиерот, затоа што директно штети на интересите на државата. Тоа е голем предавнички чин, да шефот на опозциијата независно кој му ги дал материјалите, тој  што му ги дал и тој што ги креирал материјалите нема добра намера, тој тоа го знае, изјави Груевски.

Груевски рече дека сакајќи само за да ги оцрни нив и тој да се претстави како фигура која што е подобна за да дојде на власт, Заев прави штета на интересите на Република Македонија и на целиот преговарачки процес.