Груевски: Доколку сме изиграни, бидете убедени дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на голема врата во владата

сорос

Господине Груевски, деновиве во делови го читавме Вашето специјално интервју за Сорос. Првпат во целата Ваша кариера имaвте интервју посветено на една личност? Зошто токму сега? Вие зборувате за човек кој 25 години преку својата фондација дејствува во Македонија, значи неговото дејствување е кажано со медицински термин хронично, а ние во периодот се соочуваме со акутна политичка криза што трае две и пол години. Дали Сорос, освен континуираната активност на неговиот институт, има некоја специјална улога во оваа две и полгодишна криза?

-Да, според информациите со кои располагам, покрај континуираното дејствување на неговиот институт, медиуми- те што ги финансира, НВО што ги финансира, голем број интелектуалци, професори, политички аналитичари и нови- нари што ги финансира во Македонија, како и проектот со платените луѓе за протести што самите се нарекоа ша- рена револуција, тој има и подиректен личен ангажман во создавањето на кризата во Македонија, чиј главен столб беа објавените креирани материјали од телефонски разговори. Ги имам информациите, но детали не сакам да обја- вувам во овој момент. Сепак, според информациите со кои располагам, тој има свој личен ангажман во крупни операции поврзани со подготовките на кризата во Македонија. За таа цел има остварено средби, разговори и сора- ботка со премиер на земја членка на ЕУ и со премиер на една земја која не е дел од ЕУ. Слична операција имаат направено во уште најмалку една држава, ние сме втори, но во таа земја поинаква беше тактиката на остварува- њето на целта, отколку во Македонија. Не е воопшто случајно што дадов специјално интервју за него. Кризата во Македонија не е подготвувана од еден центар, туку од најмалку два и оперативно е дејствувано од тие два центра. Овој за кој говорам е едниот.

Значи, говорите за негов директен и личен ангажман во подготовка на политичката криза?

-Да. Станува збор за моќен човек со огромно политичко влијание и моќ.

Дали дејствува сам или е инструмент на некоја држава?

-Од информациите со кои располагам, почесто со својата моќ и влијание државите преку одредени политичари врз кои има влијание ги прави негов инструмент отколку обратно. Се разбира и државите што ги користи, вмешувајќи се извлекуваат одредена корист и остваруваат свои цели во тие операции.

ПОЕНТА Ако ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија биде изиграна од ДУИ, независно кои ќе бидат причините за тоа, бидете убедени дека наскоро ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на голема врата во владата и тоа најмалку два мандата по ред. И ќе бидеме без каква било обврска при составувањето на владата

ПОЕНТА Нека ми одговори некој како ќе пресметаме за кого се трошат парите кога ќе се гради автопат од Гостивар до Ки- чево или клинички центар во Скопје или кога станува збор за опрема за клиниката во Тетово итн. колку ќе се при- пише дека оди за Македонците, а колку за Албанците или Турците или останатите. Или пречистителна станица во Гостивар, чистење на каналите во Полог, колку ќе се припише дека е инвестиција за Македонците инвестиција, а колку за Албанците и по кој критериум. Што правиме со новите возови, градските автобуси во Скопје, трошоците за амбасадите во странство, авионите за гасење пожари, Македонската филхармонија, чистењето на коритата на ре- ките, новите гасоводи… Ќе се заплеткаме во бескрајни математики и расправии.

ПОЕНТА Имаме и ние свои барања. Има многу проблеми што ги засегаат Македонците и воопшто сите граѓани или ако са- кате и Албанците и мора да ги отвориме со нив и да бараме решение. Има повеќе слабости, аномалии, непочитува- ња закони, непочитување претходно политички договорени нешта, слабости што произлегуваат од нивни кадров- ски решенија, несоодветна примена на некои закони итн. Ние имаме долг список точки за разговори со нив.

Ние не планираме да разговараме само за овие 2-3 работи. Има многу прашања кои треба да се расчистат. Има ог- ромно незадоволство на Македонците што живеат во средини во кои ДУИ има градоначалници или каде што мно- зинството население се Албанци, а малцинското население се Македонци, вклучувајќи ја и примената на Охрид- скиот рамковен договор во тие места.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.