Груевски – Дол: Претседателот на ЕПП посакува Македонија да напредува во евроинтеграциите

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, претпладнето во Брисел имаше средба со првиот човек на Европска народна партија (ЕПП), Жозеф Дол, чија политичка опција е најсилна во Европскиот парламент и воопшто во Европа. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на оваа средба Дол изразил поддршка на евро-атлантските интеграции на Македонија и на нејзините напори за побрзо зачленување во Европската унија и НАТО, пренесува МИА.

gr_dolll (2)

– Се сретнав со господинот Жизеф Дол, претседател на ЕПП и голем пријател на Република Македонија и човек што и посакува добро на нашата држава. Разговаравме на повеќе теми, вклучително и темата за нашите напори за добивање на датум за преговории почеток на преговори за членство во ЕУ. Секако, разговаравме и за актуелните случувања во Република Македонија, за што детално го информирав, а тој покажа голем интерес. Се разбира, негова и цел на сите пријатели на Македонија е актуелните случувања во земјата што побрзо да се разрешат и земјата непречено да ги продолжи своите напори за почеток на преговорите за членство во ЕУ и напредок на тој план – истакна премиерот Груевски во изјава за МИА по средбата.
gr_dolll (3)
Премиерот Груевски, кој е во придружба на владина делегација во која се потпретседателот на македонската Влада задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и министерот за надворешни работи Никола Попоски, попладневово Брисел присуствува на заедничката средбата на премиерите од државите од Западен Балкан со еврокомесарите за преговори за проширување Јоханес Хан и за транспорт Виолета Булц. Целта на средбата е разгледување на интегрирањето на копнениот, речниот и воздушниот сообраќај на Балканот во заедничката европска мрежа, како и инвестициска соработка и поддршка на Унијата за инфраструктурните за конкретни проекти важни за регионот.
gr_dolll (4)
Како што е предвидено во програмата на Европската комисија, на овој настан ќе присуствуваат шестмина премиери од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, на кои ќе им бидат претставени конкретни предлози за проекти. Оваа средба е континуитет на активностите што претходеа на претходните средби на државите на Конференцијата минатата година во Берлин и министерските состаноци во Белград и Приштина.