сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 0

Груевски: Досега се изградени 74 училишта

училишта

Поврзани вести

Ова денеска го соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање во Градската општа болница „8 Септември“-Скопје, каде беше поставен камен-темелник на бункер за нов линеарен акцелератор за потребите на болницата.

Груевски појасни дека се работи за вкупно 19 нови училишта за период од две и пол години, земајќи ги предвид оние што се изградија годинава и лани, оние што сега се градат и оние што ќе се градат следната година и ќе се завршат за период од 8, 9 месеци или за една година.

– Во еден период од две, две и пол години вкупно 19 училишта, толку колку што немало во сите мандати на СДСМ заедно. Во нашите мандати досега се изградени вкупно 74 училишта. Во моментов се градат дополнителни три, а следната ќе почнат да се градат уште пет и тој тренд ќе продолжи и подоцна, во наредните години, нагласи Груевски.

Најчитани вести