Груевски: Доста е со кризи, Македонија не може да чека

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес порача дека е доста со кризи и дека Македонија повеќе не може да чека.

Македонија веќе нема трпение да не чека да се надмудруваме, да си подметнуваме, ние тоа не го сакаме. Државата е поделена по сите можни основи и тоа мора да запре. А ќе запре со тоа што ќе почнеме со лични примери и пораки дека е доста од поделеноста, доста е гневот и фрустрацијата, доста е со кризите. Наша одговорност е да решаваме кризи а не да ги креираме. Да решаваме проблеми а не да бидеме дел од нив, како што некој сака да не направи.  Избори мора да има и ќе има. И ние ќе ја понудиме најдобрата програма до сега, со многу нови проекти, детали, мерки, реформи,  помош за граѓаните и цврсти гаранции за многу нови работни места, порача Груевски.