недела, 25 јуни 2017  |  Вести денес: 1

Груевски: Довербата на народот не се добива со манипулации и валкани игри

jane1

Поврзани вести

На 24-ти април народот на сите ќе им покаже кој е кој во оваа држава, односно чија е оваа држава. Во април, народот на Макеоднија ќе си ја врати делумно одземената власт, и преку масовното гласање на изборите ќе ги избрка на клоци вештачки и насила насадените функционери, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање на Годишната конференција на Унијата на жени на апртијата.

-Народот ќе испрати порака до сите сегашни и идни политичари, дека со валкана игра и манипулации, не се освојува доверба на народот и не се доаѓа на власт.  Довербата се освојува со работа и резултати, со искрен пристап, и почит кон сопствената земја и луѓето во неа. Со реформи, со дела, со проекти, со решавање на проблеми на луѓето, со инвестиции и нови работни места, со подршка на земјоделецот, пензионерот, студентот, младиот, невработениот, подршка и на бизнисот и на сиромашните, со нудење на подобра иднина, а не со сплетки и интриги. Мислам дека после тоа, после оваа лекција која ќе дојде на изборите преку општонародното масовно гласање, ќе помине долго, многу долго време, пред на некој политичар да му падне на ум да се обидува на власт да доаѓа со голема измама, со соработка со странски разузнавачки служби, со соработка со криминалци, со фалсификатори, Чауши, Ванхојтовци, Катици и со продавачи на магла на типови чија главна цел е да ги изрекетираат бизнисмените во нивниот град, рече Груевски.

Најчитани вести