Груевски: Дрекслер Mаер има потенцијал за зголемување на бројот на работници

Во рамки на посета на Кавадараци, премиерот Никола Груевски  ја посети и фабриката „Дрекслер Маер“ и оствари средба со раководството на компанијата, објави Курир.

Тој нагласи дека Дрекслер Маер брои 4.800 вработени со потенцијал за зголемување на оваа бројка за околу 400 до 500 работници. Со оваа инвестиција, додаде тој, се намали процентот на невработеност во Кавадарци.

Премиерот се осврна и на винаријата „Стефан вајнери“ која, како што рече, влијае на подобрување на политиката при откуп на грозје. Најавени се, додаде, и други локални инвестиции кои ќе влијаат на локалната економија.

– Покрај Дрекслер Маер почнаа да доаѓаат и други компании кои се снабдувачи на германската фабрика, а кои дополнително вработуваат. Ние и понатаму ќе помагаме на Кавадарци и регионот како во патната инфраструктура така и во сите други сегменти од животот кои го прават животот на граѓаните поубав, а нашата земја помодерна, нагласи Груевски.

фото:Курир

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.