ТОП,Македонија

Груевски: Државата и граѓаните на Македонија ми се на прво место

Груевски: Државата и граѓаните на Македонија ми се на прво место

Јас никогаш не сум се ставал себеси на прво место. Да беше така, веројатно ќе работев нешто друго и ќе имав далеку помирен и поубав живот. За мене државата и граѓаните на Македонија се на прво место, потенцира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во мега интервјуто за Телеграф.мк.

На следните избори, без разлика дали ќе се одржат во редовниот термин во 2018 година или предвремени, доколку сите партии се усогласат околу термин на кој со сигурност сите би учествувале, тие ќе одлучат кој каде треба да биде. Јас и партијата што ја водам сме спремни за тоа соочување со нив. Да кажеме што сме направиле и што можеме да направиме во иднина, па тие нека ценат, додава претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.