Груевски: ДУИ претера, нема консензуалност во демократија

Мислам дека ДУИ претераа со барањето за консензуален претседател, смета премиерот Никола Груевски кој додава дека во демократија не може претседателот да се избира консензуално бидејќи народот е тој што избира.

„ДУИ малку претера со барањето на консензуален претседател. Во демократија избира народот, а тој не може да избира консензуално. Мене ми пречи што партиите на Албанците како главни ги поставуваат само етничките прашања“, вели Груевски одговарајќи на прашање од Флора Кадриу во шоутот на Миленко Неделковски што се емитува на Канал 5.

Груевски смета дека крајна цел на ДУИ им било да пропаднат претседателските избори и со тоа да се предизвикаат уставни промени и предвремени парламентарни избори.

На премиерот вечерва му поставуваат прашања десетина гости во емисијата. Во првиот дел од емисијата прашуваат Владо Бучковски, Драган Павловиќ Латас, Сашо Гигов Гиш, Ивица Јосифовиќ, Братислав  Димитров. Во вториот дел од емисијата прашања поставуваат Флора Кадриу, Александар Пандов, Вангел Божиновски, Александар Русјаков и Љупчо Зиков.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.