Груевски: Два ипол пати повеќе пари за работниците, младите…

Овие избори се локални, ќе се одберат градоначалници, но овие локални избори се и шанса и време на Македонија да и се случи почеток на заминување на ова помрачување, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на големиот митинг во Ресен.

-Додека траеше ова помраќување, ние не седевме мирни, работевме. Седнавме и создадовме стратегија за една нова ера, за нови победи и успеси. Народот ќе гласа и за локалните избори, но и за новата ера која носи најмалку 150.000 работни места во Македонија, која ќе ја сведе невработеноста под 10 % до крајот на наредната декада. Во новата ера сиромаштијата ќе се намли за 3/4, а најмногу преку отворањето на нови работни места. Ние отворивме 173 илјади нови работни места во една декада, невработеноста ја намаливме од безмалку 40 на 22,5 проценти. Просечните приходи на граѓаните по глава на жител од сегашните 5 илјади долари ќе достигнат над 12.000 долари, што е за два ипол пати повеќе од сега и ќе значи два ипол пати повеќе пари за работниците, за младите, за родителите, за земјоделците…

Македонија, додаде Груевски, во моментов е држава со најниски даноци во светотот, овие новиве што ги донесоа најавија дека ќе ги зголемат, но со новата ера се предвидува во наредната декада Македонија повторно да биде држава со најниски даноци во светот.

-Оваа нова ера предвидува повеќе пари за иновации, издвојување на најмалку 6% од БДП за инвестирање во образованието- поголеми плати и поголемо знаење, големи вложувања во екологијата и енергетиката. Новата ера предвидува парк и игралиште во секое маало…