Груевски: Двете најважни институции кои се најодговорни за одржување на изборите се под контрола на СДСМ

Двете најважни институции кои се најодговорни за одржување на изборите не се под контрола на ВМРО ДПМНЕ. СДСМ преку техничкиот министер Оливер Спасовски раководи со МВР, а за сите најважни одлуки обезбедуваат мнозинство и во ДИК, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за Телеграф.мк.

Токму од нив зависи и прочистувањето на избирачкиот список и обезбедувањето во предизборниот период, односно кампањата, како и самиот ден на гласање. Досега бевме сведоци на бројни опструкции токму од страна на СДСМ. Јас немам илузија дека овие опструкции ќе продолжат како што ќе се зголемува стравот на СДСМ од избори. Дури можам да кажам дека очекувам тие да се зголемат. Нема да ме зачуди наскоро повторно да гледаме штрајкови и демонстрации. Било што за да се создаде криза и да се избегне пресудата на гласачите. Сме ги виделе и претходно ваквите тактики. Нивните обиди да им забодат нож во грб на македонските гласачи само што почнаа. Јасно е дека се работи за две многу различни визии. Визија на демократија и само-определување наспроти визија за саботажа и уценување. ВМРО верува дека на земјата ѝ се служи најдобро со стабилност и смиреност, вели Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.