Груевски: „Џонсон Контролс“ е значајна инвестиција за Струмица и поширокиот регион

Груевски: „Џонсон Контролс“ е значајна инвестиција за Струмица и поширокиот регион
Груевски: „Џонсон Контролс“ е значајна инвестиција за Струмица и поширокиот регион
Американската компанија „Џонсон Контролс“ денеска почна да ја гради својата нова фабрика во ТИРЗ Струмица.

Ова е многу значајна инвестиција за Струмица, прва од ваков поголем вид, долго работевме на неа како економски тим во Владата. Минатата година ја ветив тука во Струмица и сега почнува реализацијата на делот што е „гринфилд“, односно на изградба на нова фабрика. Треба да се вработат 1.500 луѓе како директни вработувања, плус поголем број на луѓе како индиректни вработувања, изјави за Телевизија Нова лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Груевски вели и дека ова е инвестиција вредна околу 20 милиони евра, што ќе овозможи вработувања не само во Струмица, туку и во поширокиот регион. Тој додаде и дека често пати Џонсон Контролс знае да го надмине бројот на планирани вработувања, како што е случајот во Скопје и во Штип.

-Нема да бидам изненаден ако наместо 1.500 дојде до 1.800 или 2.000 вработувања, плус оние индиректни вработувања коишто секогаш доаѓаат со еден ваков голем конгломерат, рече Груевски.