сабота, 19 август 2017  |  Вести денес: 0

Груевски е за што поскори локални избори, како шанса и за предвремени парламентарни избори (ВИДЕО)

Треба да заврши оваа изборна атмосфера за да можат и компаниите во една порелаксирана атмосфера натаму да продолжат да работат во земјата, објасни Груевски

gruevski izjava stadion

Поврзани вести

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е ден порано да се организират локалните избори. Најблизок рок е 45 дена од носење на закон со кој ќе се одреди тоа. 45 дена од понеделник е 2 јули, истакна во саботата  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Затоа апелот на ВМРО-ДПМНЕ е да се одржат локалните избори на 2 јули првиот круг и четирианесет дена подоцна вториот круг. Она што го гледаме од другата страна е дека немаат расположение за брзи локални избори, инаку ако имаат би го прифатиле овој рок, но очигледно е дека имаат недостиг од самодоверба и се плашат дека ќе ги загубат и бараат колку што е можно подолг период да се пролонгираат, така што од тие причини ние оставивме отворени уште два термина во септември 17 и 24, и последен како најдалечен што би можеле да го прифатиме е 15 октомври. Сето натаму ќе биде грубо кршење на демократските процеси во смисла на редовно одржување на редовни локални избори и покажување на огромен страв и бегање од локалните избори и соочување со народот“, нагласи Груевски во изјавата за медиумите по вршењето увид во градежните работи на Градскиот стадион „Арена Филип Втори“ во Скопје.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ апелира локалните избори да се одржат колку што е можно побрзо, по можност на 2 јули.

„Треба да заврши оваа изборна атмосфера за да можат и компаниите во една порелаксирана атмосфера натаму да продолжат да работат во земјата. Да падне тенизјата од избори кај сите граѓани, кај сите компании и едноставно сите да сме фокусирани кон развој на државата, на развојни проекти“, додаде Груевски според кого не се знае по која основа СДСМ во нивните изјави споменувале локалните избори да се одржат следната пролет.

„Со тоа покажуваат дека се преплашени од соочувањето со граѓаните. Преплашени се и затоа што направија многу грешки и работи спротивни на интересите на народот и сега се плашат да излезат затоа што народот едвај ги чека за да им каже што мисли за нив, сообено после изборите кога излегоа со Тиранската платформа и направија еден вид изборна измама. Сакам да потенцирам дека ова е добра шанса, кога и онака ќе се одржуваат локални избори, да се организираат и предвремени парламентарни, тоа е барање на ВМРО-ДПМНЕ, тоа останува барање на ВМРО-ДПМНЕ. Предвремените парламентарни избори ќе расчистат многу дилеми, многу нешта за кои СДСМ вели дека не згрешил и не го измамил народот, дека не постапил нешто спротивно од тоа што го ветувал, ќе може да си го верификуваат на изборите и на народот да му се даде шанса да каже што мисли за СДСМ, што за ВМРО-ДПМНЕ, што за Тиранската платформа и ваквиот начин на силување на државата и игнорирање на граѓаните кои 75 дена протестираат“, рече Груевски.

 

Најчитани вести