Груевски: Економијата и индустријата имаат одличен развоен тренд

Растот на индустриското производство од 4,9 проценти е одличен. За првото полугодие растот е за околу 4,5 проценти. Тоа е одличен тренд. Се наоѓаме во време кога економијата и особено индустријата имаат одличен развоен тренд.Ова денес го истакна премиерот Никола Груевски кој посочи дека работат на што подолго задржување на тој тренд, како и на негов раст.

– Тоа не зависи само од нас, туку и од опкружувањето, а најмногу од земјите во кои извезуваме и со кои соработуваме. Со надеж дека и европската економија ќе продолжи со опоравување веруваме дека овој тренд ќе биде што подолг, посочи Груевски.

Премиерот додаде дека ваквите услови ќе се одразат кон крајната цел – отворање на нови работни места во Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.