Груевски: Економијата се држи добро наспроти сите негативни влијанија на вештачки предизвиканата криза

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по посетата на општина Дебрца денеска истакна дека растот на прометот во индустриското поризводств дава надеж дека работите се движат во добра насока.

Одговорајќи на новинарско прашање, Груевски подвлече дека засега економијата добро се држи и наспроти сите негативни влијанија на вештачки предизвиканата криза од СДСМ.

– Она ште е значајно и радува е податокот што во овој период, во првите месеци од тековната година, прометот во индустриското производство порасна за 11,4 отсто споредено со истиот период лани. Тоа дава надеж дека работите одат во добра насока. Исто така дава надеж дека и ударите што дојдоа од политичката криза на некој начин се амортизирани. Тоа не значи дека тие немаат негативно влијание или на некој начин негативно не влијаеле, но сепак, раст од 11,4 отсто на прометот во индустриското производство значи дека економијата засега добро се држи, рече Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.