Груевски: Евроинтеграцијата најважен национален приоритет и стратешка цел на Македонија

„Започнувањето на преговорите на Македонија со Европската Унија би претставувало катализатор за решавање на спорот со името. Соработката и компромисот се работен модус на Унија, и според тоа, ангажирањето на нашиот јужен сосед во конструктивен дијалог е најдоброто поле за игра за постигнување на договор“, истакана премиерот Груевски на синоќешното обракање пред дипломаткиот кор во фондацијата Конард Аденаеур.

Груевски потенцираше дека Меѓународниот суд на правдата по однос на грчката блокада за приемот на Македонија во НАТО одлучи дека таа е нелегална и ја повредува билатерланата спогодба од 1995 година, и побара почитување на мегународното право од сите земји членки на Европската Унија. А во корист на Македонија се и исполнетите Копенхашки критериуми нотирани и во петта по ред препорака на Еворопската Комисија.

„Сепак, отпорот од една земја членка го направи консензусот во Советот невозможен. Европската Комисија ја повторува потребата од почеток на преговорите, а одлуката систематски се одложува. Позицијата на нашиот јужен сосед е константна, можеби со различни изговори. Без разлика дали е имагинарен страв за територијалниот интегритет, внатрешно политичко превирање во Атина, митски објаснувања за поседувањето на идентиетот или едноставно отсуство на добра воља во биалтерланите дискусии, исходот е ист“, изјави Груевски.

Во делот на еконоските реформи премиерот го истакна воведувањето на едношалтерскиот систем во администацијата, рамниот данок, отворањето на економските зони, подобрената едукација, зајакнување на професионализот во судството, ефективноста на инспекциските служби, како и борбата против корупцијата, а сето тоа придонесува Македонија во извештајот на Светската Банка „Дуинг Бизнис“, да се искачи на 25-то место за водење бизнис.

Македонската делегација денеска заминува во Берлин, каде на бизнис форумот пред стопанските комори и потенцијални инеститори од различни сфери на германската индустрија ке бидат представени поволностите за инвестирање во Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.